Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско оусигурување – МАПАС во соработка со Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” и останатите факултети, во континуитет им овозможува пракса на студентите кои пројавуваат интерес за директно запознавање со работата на Агенцијата и пензиските друштва.
Агенцијата изминатите години е особено фокусирана и во делот на подигање на свеста кај младите за пензиското штедење и потребата од дополнително финансиско образование како моќна алатка во обликувањето на иднината на младите генерации. За таа цел на Горан Кичеец студент на Економскиот факултет, кој беше практикант во Агенцијата и пензиските друштва, му се даде можност да направи истражување и да подготви презентација со негови видувања и препораки по однос на досегашните спроведени маркетинг и едукативни кампањи за подигање на свесноста на младите за пензискиот систем и можноста за штедење од најрана возраст.
Горан успешно ја заврши задачата и неговиот слоган од презентацијата „Финансиска писменост-карта за сигурно утре“ се надеваме дека ќе биде позитивна порака кон младите за важноста од поголема будност и свесност уште од најрана возраст да стекнат знаење, вештини, ставови и однесувања неопходни за да донесуваат добри финансиски одлуки како клуч да постигнат финансиска благосостојба во сите фази од својот живот.
Добиениот фидбек од страна на младите е особено значаен за креирање на нашите идни политики за поголем пристап и начин на кој ќе успееме да го зголемиме интересот на младите за поголема пензиска свесност и финансиска писменост.