Се известуваат членовите на вториот столб на пензискиот систем во Република Северна Македонија, дека во периодот од 13-14 февруари 2023 година е направена дистрибуција, преку електронска пошта, на електронскиот информатор Е-МАПАС на тема: Средства на пензиски фондови.
Целта на дистрибуцијата на електронскиот информатор Е-МАПАС до членовите, е да се подигне јавната свест и да се подобри информираноста за пензискиот систем и за правата и обврските на членовите на вториот столб.
Повеќе информации може да најдете на следниот линк: Е-МАПАС.