Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС доби сертификати за меѓународните стандарди ISO 9001:2009 и ISO 27001:2013

МАПАС по успешна ресертификација го доби сертификатот за ISO 9001:2009 и за прв пат го доби сертификатот за стандардот ISO 27001:2013.
Ноември 2015 година беше месец на екстерна ревизија од страна на овластените институции за стандардите – ISO 9001:2009 и ISO 27001:2013. На 04.11.2015 година и 17.11.2015 година, во две фази се реализираше екстерна ревизија за ресертификација на системот за управување со квалитет. Од овластената институција за сертифицирање АМ ЦЕРТ, екстерните ревизори извршија проверка на сите процедури од системот за управување со квалитет и на нивната реализација согласно стандардот, при што констатираа дека МАПАС ги исполнува сите критериуми за ресертификација согласно стандардот ISO 9001:2009 и за наредните три години.
Исто така, резултатот од екстерната ревизија согласно стандардот ISO 27001:2013 која се реализираше на 11.11.2015 година беше позитивен, за што МАПАС доби потврда од сертификациската куќа TUV AUSTRIA CERT во која се наведе дека МАПАС се стекнува со сертификат за стандардот ISO 27001:2013.
Ваквите активности и сертифицирања претставуваат континуитет во успешната реализација на системот за менаџмент на квалитет по стандардот ISO 9001:2009 и успешно управување со безбедност на информации согласно стандардот ISO 27001:2013.

Skip to content