Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС и Универзитетот на ЈИЕУ потпишаа меморандум за зајакнување на меѓуинституционалната соработка

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) официјално потпишаа Меморандум за соработка, со кој се отвараат нови можности за заеднички активности, стручна поддршка и долгорочно партнерство во сферата на образованието, истражувањето и финансиската писменост.

Меморандумот го потпишаа Претседателот на МАПАС, Ремзи Бајрами и Ректорот на Универзитетот на ЈИЕУ, Садудин Ибраими.

На свеченото потпишување и на работната средба што следеше присуствуваа и значајни претставници од двете институции: акад. проф. др. Абдулменаф Беџети, членот на Советот на експерти на МАПАС, Пранвера Сума, главниот советник на претседателот на МАПАС, Марија Поповска, деканот на Факултетот за бизнис и економија, Блерта Абази-Чауши, како и проф. Шпреса Алија.

Со овој меморандум двете институции ја потврдија својата заложба за унапредување на соработката преку размена на знаења, организирање заеднички едукативни настани, стручни обуки, како и вклучување на студентите во практични и истражувачки иницијативи поврзани со пензискиот систем и капитално финансираното пензиско осигурување.

Соработката меѓу МАПАС и академската заедница има клучна улога во подигнувањето на свеста кај младите генерации за важноста на долгорочната финансиска сигурност и пензиското планирање.

Skip to content