Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС на 15 септември  – Денот за пензиска свесност порачува: ОБРАТЕТЕ ВНИМАНИЕ НА ВАШАТА ПЕНЗИЈА!

Неделата за пензиската свесност оваа година е од 7 до 15 септември, а Денот за пензиска свесност e како и обично на 15 септември. Почнувајќи од 2014 година  Денот  за пензиска свесност има за цел да ја истакне важноста на пензиското штедење.

Во рамки на својата мисија да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го одбележува 15 септември – Денот за пензиска свесност со низа активности користејќи ги електронските комуникациски алатки и социјалните медиуми.

Едукативните активности се организираат со цел да се подигне свеста на граѓаните за значењето на пензиското осигурување и да се зголеми информираноста за пензискиот систем. Со тоа, сегашните и идни осигуреници и членови добиваат значајна основа за да можат да ја испланираат и да ја осигураат својата пензиска иднина.

МАПАС потенцира дека особено е важно младите навремено да се информираат за правата, обврските и придобивките на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови, веднаш по започнувањето на работниот однос.

За повеќе информации посeтете ја нашата веб страна и нашите адреси на социјалните медиуми.

www.mapas.mk,

www.facebook.com/mapas.mk,

www.instagram.com/mapas.mk,

www.linkedin.com/company/mapasmk/

Skip to content