Неделата за пензиската свесност оваа година е од 11 до 15 септември, а Денот за пензиска свесност e како и обично на 15 септември. Почнувајќи од 2014 година Денот за пензиска свесност има за цел да ја истакне важноста на пензиското штедење.
Во рамки на својата мисија да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го одбележува 15 септември – Денот за пензиска свесност со низа активности користејќи ги електронските комуникациски алатки и социјалните медиуми.
МАПАС потенцира дека особено е важно младите навремено да се информираат за правата, обврските и придобивките на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови, веднаш по започнувањето на работниот однос.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна и нашите адреси на социјалните медиуми. Овде, лесно ќе можете да добиете информации за капитално финансирано пензиско осигурување и да проверите во кое пензиско друштво сте член.
www.linkedin.com/company/mapasmk/