Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС организираше тим-билдинг за своите вработени

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, постојано работи и е насочен кон градење на тимскиот дух, унапредување на заедничкото работење, како и мотивирање и градење на доверба во рамките на Агенцијата.

За таа цел на 18-ти октомври МАПАС спроведе тим-билдинг во Етно Село Тимчевски во Куманово каде вработените во МАПАС активно и тимски учествуваа во различни активности и дружби. Како што и претходно е потврдено, таквите активности кај вработените придонесуваат кон поголема мотивација, подобра комуникација и поефективно заедничко делување во остварување на поставените цели и задачи.




Skip to content