Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС организираше тим-билдинг за своите вработени

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигирување – МАПАС постојано работи и е насочена кон градење на тимскиот дух, унапредување на заедничкото работење, како и мотивирање и градење на довербата на вработените.

Од таа причина, на 6 и 7 јуни МАПАС реализираше тим – билдинг на тема Асертивност и самоуверена комуникација во Крушево каде вработените во МАПАС активно и тимски учествуваа во различни активности. Инвестирањето во вработените е клучно за подобрување на секојдневните процеси и обезбедување на просперитетна иднина за институцијата и сето тоа води кон поголема мотивација, подобра комуникација и поефективно заедничко делување во остварување на поставените цели и задачи.

Skip to content