Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС присуствуваше на Третата конференција за фриленсери: „Фриленс – Иднината на дигиталната работа“

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС присуствуваше на Третата конференција за фриленсери на тема „Фриленс – Иднината на дигиталната работа“, која се одржа со цел да ја поттикне јавната дискусија за статусот, можностите и предизвиците на фриленсерите во Република Северна Македонија.

Конференцијата имаше за цел да ја нагласи потребата од системско уредување на социјалниот и правниот статус на фриленсерите, како и подобрување на нивната интеграција во економските и институционалните процеси. Настанот ги обедини клучните актери од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и се дебатираше на следните теми:

  • Македонија на светската фриленс мапа
  • Законски можности и обврски на фриленсерите
  • Социјално, пензиско и здравствено осигурување
  • Третиот столб – пензиска иднина на фриленсерите
  • Маркетинг и дигитален контент и
  • Сметководство со QuickBooks и работа на американскиот пазар

 

Со своето присуство, МАПАС го поддржа дијалогот за унапредување на положбата на фриленсерите и создавање поинклузивна рамка за нивно вклучување во социјалните и пензиските системи.

МАПАС ја поздравува иницијативата за организирање на вакви настани кои придонесуваат за отворен дијалог, размена на искуства и подигнување на свеста за важноста на социјалната и пензиската заштита на сите учесници на пазарот на трудот.

Skip to content