Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Ремзи Бајрами, и Советникот на Претседателот, Марија Поповска, учествуваа на настанот за презентација на Извештајот за финансиска писменост кај учениците, подготвен од Бирото за развој на образованието во соработка со
Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
На настанот беа презентирани наодите од истражувањето, кои покажуваат дека учениците имаат основни познавања од финансиската писменост, но потребно е дополнително јакнење на практичните вештини за примена на тие знаења во секојдневниот живот.
МАПАС активно работи на подигање на свесноста за важноста од раната финансиска едукација и ја истакнува својата подготвеност за понатамошна соработка со образовните институции во спроведувањето активности насочени кон подигање на финансиската писменост кај младите.
Како дел од институциите што активно придонесуваат кон националните иницијативи за финансиска едукација, МАПАС ќе продолжи да поддржува проекти и активности кои им помагаат на младите да развијат здрави финансиски навики и да носат информирани финансиски одлуки уште од најрана возраст.
(02) 3224 229
contact@mapas.mk