Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Меѓународна конференција за пензиски реформи и предизвици

По повод обележувањето на петгодишнината од воведувањето на капиталното финансирано пензиско осигурување и заокружување на успешната соработка со Светска Банка во областа на пензиските реформи, на 12 април 2011 година во хотелот Холидеј Ин, Скопје се одржа Меѓународна конференција за пензиски реформи и идни предизвици.

Воведни обраќања на конференцијата имаа министерот за труд и социјална политика, како и претставник на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.

Конференцијата беше поделена во три дела, односно во три панели и тоа:

  • Панел 1 Пензискиот систем денес
  • Панел 2 Идни чекори и предизвици на вториот и третиот столб и
  • Панел 3 Пензиските фондови и пазарите на капитал.

На конференцијата присуствуваа претставници од пензиските друштва, деловните банки, осигурителните компании, експерти од пензиската област, НБРМ, меѓународни организации кои ја дале своја поддршка во спроведување на пензиската реформа, како и делегации од други држави.

Skip to content