Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Отпишан меморандум за соработка со република турција

                Во текот на посетата на директорот на МАПАС, г-н. Булент Дервиши, на Република Турција во октомври 2009 година, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу МАПАС и Центарот за пензиски мониторинг од Република Турција. 

Центарот за пензиски мониторинг од Република Турција има цел да обезбеди приватниот пензиски систем во Република Турција да функционира на сигурен и ефикасен начин, да ги заштити правата на членовите и да обезбеди точни и транспарентни информации.

 

Со потпишаниот меморандум е договорено двете институции да го споделуваат своето искуство во врска со извршување на задачите, ќе го споделуваат искуството во врска со имплементацијата на реформите на пензискиот систем, супервизорските активности од областа на пензиските фондови и стандардите на супервизија и регулативите кои се во сила во Македонија и во Турција, како и размена на разни информации од областа на работење на двете институции, и статистички податоци. Соработката предвидува,меѓу другото, и размена на искуства преку споделување на публикации, правни акти, супервизорски посети и размена на експерти. 

Со потпишувањето на овој меморандум се очекува интензивирање на соработката меѓу двете институции имајќи ја во предвид зголемената меѓународна активност на финансиските пазари, вклучувајќи ги и пензиските фондови, и Протоколот за соработка меѓу Република Турција и Македонија, потпишан во Анкара на 15 март 2005 година, како и зголемената потреба од соработка меѓу релевантните супервизорски тела, чија соработка има за цел зајакнување на ефективноста во извршувањето на задачите на овие тела.

Skip to content