Насоките за супервизија поврзани со интеграција на факторите на социјалните, етичките и аспектите на животна средина во инвестициите и управувањето со ризици на пензиските фондови објавени од страна на Меѓународната организација на пензиски супервизори (ИОПС) истакнуваат низа предизвици за пензиските друштва и пензиските супервизори.
Факторите на социјалните, етичките и аспектите на животна средина се клучни прашања за инвестирањето и управување со ризици на пензиските фондови. Нивното имплементирање во регулаторните рамки на пензиските системи ширум светот е релативно ново. Факторите на социјалните, етичките и аспектите на животна средина се развиваат динамички и имаат различни влијанија и ризици во зависност од земјата. Насоките се необврзувачки и служат како основа за пензиските супервизори. Пензиските супервизори можат да ги применуваат во согласност со структурата на пензискиот систем и регулативата.
Насоките за супервизија поврзани со интеграција на факторите на социјалните, етичките и аспектите на животна средина во инвестициите и управувањето со ризици на пензиските фондови се на следниот линк: