Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за вториот квартал во 2020 година.
Согласно Кварталниот статистички извештај МАПАС ја информира пошироката јавност дека со состојба 30.06.2020 година:
• Вкупниот број на членови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 518.489.
• Вкупниот број на членови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 25.420.
• Нето средствата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 79.410,43 милиони денари.
• Нето средствата во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 2.063,67 милиони денари.
• Вкупните уплатени придонеси во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во вториот квартал од 2020 година изнесуваат 2.316,51 милиони денари.
• Вкупните уплатени придонеси во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во вториот квартал од 2020 година изнесуваат 55,41 милиони денари.
Кварталниот статистички извештај бр.58, 30.06.2020 е на следниот линк:
https://mapas.mk/wp-content/uploads/2020/07/Kvartalen-statistichki-izvestaj-58_30062020_web.pdf