Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Објавен е Кварталниот статистички извештај бр.69

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за првиот квартал во 2023 година.
Согласно Кварталниот статистички извештај со состојба 31.3.2023 година:
• Вкупниот број на членови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 577.159.
• Вкупниот број на членови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 29.729.
• Нето средствата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 119,64 милијарди денари.
• Нето средствата во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 3,17 милијарди денари.
• Вкупните уплатени придонеси во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во првиот квартал од 2023 година изнесуваат 3,12 милијарди денари.
• Вкупните уплатени придонеси во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во првиот квартал од 2023 година изнесуваат 68,04 милиони денари.

Кварталниот статистички извештај бр.69, 31.3.2023 е на следниот линк :
Кварталниот статистички извештај бр.69, 31.3.2023

Skip to content