Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Објавен е Кварталниот статистички извештај бр.70

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за вториот квартал во 2023 година.

Согласно извештајот заклучно со вториот квартал во 2023 година:

• Вкупниот број на членови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 582.209.
• Вкупниот број на членови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 30.175.
• Нето средствата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 125,35 милијарди денари.
• Нето средствата во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 3,28 милијарди денари.
• Вкупните уплатени придонеси во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во вториот квартал од 2023 година изнесуваат 3,29 милијарди денари.
• Вкупните уплатени придонеси во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во вториот квартал од 2023 година изнесуваат 90,66 милиони денари.

Кварталниот статистички извештај бр.70, 30.6.2023 е на следниот линк

Skip to content