Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за вториот квартал во 2024 година.
Согласно извештајот заклучно со вториот квартал во 2024 година:
- Вкупниот број на членови во задолжителните пензиски фондови изнесува 601.561.
- Вкупниот број на членови во доброволните пензиски фондови изнесува 32.380.
- Нето средствата на задолжителните пензиски фондови изнесуваат 149,50 милијарди денари.
- Нето средствата на доброволните пензиски фондови изнесуваат 3,93 милијарди денари.
- Вкупните уплатени придонеси во задолжителните пензиски фондови во вториот квартал од 2024 година изнесуваат 3,86 милијарди денари.
- Вкупните уплатени придонеси во доброволните пензиски фондови во вториот квартал од 2024 година изнесуваат 122,34 милиони денари.
Кварталниот статистички извештај бр.74, 30.06.2024 е на следниот линк:
https://mapas.mk/wp-content/uploads/2024/07/kvartalen-statistichki-izvestaj-74_30062024_web.pdf