Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Основица за пресметување и плаќање на придонес

По повод статијата во дневниот весник Вест под наслов „Ограничени пензии и во приватниот фонд” сакаме да ја известиме јавноста за следното:

Со Законот за пензиско и инвалидско осигурување во Република Македонија беше воведен тростолбниот пензиски систем. Согласно Законот за лицата кои ќе останат осигурани само во првиот столб на пензискиот систем при пресметката и исплата на пензиите постои ограничување до највисока пензија, кое решение постоеше и досега. 

За осигурениците кои ќе се вклучат во двостолбниот систем пензија ќе се исплаќа и од првиот и од вториот столб. За овие осигуреници со Законот се воведе ограничување на максималната основица за пресметување и плаќање на придонесот. 

Поради карактерот на новиот пензиски систем со воведување на капитална компонента,односно со остварување на пензија од двата столба (дел на старосна државна пензија од првиот столб и ануитет од вториот столб ) може да постои ограничување само на највисока основица за пресметување и плаќање на придонесот, заради што е предвидено и такво законско решение. 

Ова законско решение не преставува „никаква скриена дупка” заради фактот што истото е содржано во Законот за пензиското и инвалидското осигурување од 2000 година, објавен во Службен Весник на РМ бр.24/2000, на кој начин е достапен до целокупната јавност. 

Прашањето за највисоката основица, освен што е содржано во Законот, беше најтранспарентно пренесено на семинарите кои ги организираше Фондот на ПИОМ за работадавците и сметководителите, како и на презентациите одржани од страна на МАПАС, особено во фирмите со поголеми плати. 

Оттука се гледа дека и во досегашниот и во реформираниот пензиски систем постојат ограничувања во зависност од принципите на кои е поставен системот на пензиското осигурување. 

Забелешка:

  • Одредби кои ја уредуваат највисоката пензија се член 9 од Законот за измени и дополнувања на Законот за ПИО (“Службен весник на Република Македонија” бр. 24/2000) со кој се брише член 36 од Законот за ПИО со кој се уредуваше нависоката старосна пензија; и член 28 кој важи како преодно решение за осигурениците кои нема да се вклучат во двостолбниот систем.
  • Одредби кои го уредуваат ограничувањето на плаќањето на придонес се член 24 во Законот за измени и дополнувања на Законот за ПИО (“Службен весник на Република Македонија” бр. 24/2000) со кој се менува член 180 и член 13 од Законот за измени и дополнувања на Законот за ПИО (“Службен весник на Република Македонија” бр.85/2003) според кој за осигурениците кои ќе се вклучат во двостолбниот систем, основицата за пресметување и плаќање на придонесот не може да биде повисока од 3 просечни плати по работник во Републиката.
  • Во Прирачникот за пополнување на образец МППП издаден од Фондот на ПИОМ е дадено појаснување за основицата за пресметување на придонес
    Фонд на ПИОМ,

Агенција за супервизија на 
капитално финансирано
пензиско осигурување

Skip to content