Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Пензискиот пазар во фокус 2019

Изданието на Пензискиот пазар во Фокус 2019 дава преглед на капитално финансираните и приватните компоненти на пензиските системи во 88 земји и ги прикажува најновите случувања на пензиските пазари ширум светот. Изданието располага со широк спектар на усогласени и стандардизирани индикатори релевантни за капитално финансираните и приватните пензиски системи. Податоците што се користат за подготовка на овој извештај се обезбедени од регулаторите од земјите во рамките на проектот на ОЕЦД за Глобална статистика за пензии.

Пензиските средства на крајот на 2018 година достигнаа 44,1 билиони УСД (42,5 билиони УСД во ОЕЦД и 1,6 билиони во земји кои не се членки на ОЕЦД), што значи помал износ во споредба со 2017 година (45,6 билиони УСД). Сепак во последната декада пензиските средства бележат раст во номинален износ во речиси сите земји кои известуваат. На пензиските средства влијаеа негативните движења на пазарите на капитал во 2018 година, но сепак гледано на долг рок, пензиските средства остварија позитивни стапки на реален принос (нето од инвестициски трошоци) во повеќето земји.

Изданието на Пензискиот пазар во Фокус 2019 е на следниот линк:

Pension Market in Focus 2019

 

Skip to content