Изданието на Пензискиот пазар во Фокус 2020 дава преглед на капитално финансираните и приватните компоненти на пензиските системи заклучно со 2019 година во 90 земји и ги прикажува најновите случувања на пензиските пазари ширум светот. Изданието располага со широк спектар на усогласени и стандардизирани индикатори релевантни за капитално финансираните и приватните пензиски системи. Оваа година изданието вклучува и проценка за развојот на пензиските средства од крајот на 2019 година до третиот квартал на 2020 година. Податоците што се користат за подготовка на овој извештај се обезбедени од регулаторите од земјите во рамките на проектот на ОЕЦД за Глобална статистика за пензии.
Пензиските заштеди во пензиските фондови, друштвата за пензиско осигурување и другите планови за пензиско штедење ширум светот заклучно со 2019 година надминаа 50 билиони УСД (49,2 билиони УСД во земјите членки на ОЕЦД и 1,7 билиони УСД во земји кои не се членки на ОЕЦД).
Големиот раст на пензиските средства во 2019 година е резултат и на значителните инвестициски резултати во 2019 година. Реалниот инвестициски принос на пензиските средства (нето од трошоците за управување) во 2019 година во просек изнесува 8,0% во земјите членки на ОЕЦД и 4,4% во земјите кои не се членки на ОЕЦД. Овие инвестициски резултати во 2019 година веројатно се должат на опоравувањето на финансиските пазари, после лошите резултати во последниот квартал на 2018 година.
Појавата на Ковид-19 предизвика нестабилност на финансиските пазари, генерирајќи инвестициски загуби на пензиските средства во првиот квартал на 2020 година. Проценките на ОЕЦД сугерираат на пад од 10% во првиот квартал на 2020 година во однос на 2019 година. Сепак, закрепнувањето на финансиските пазари во вториот и третиот квартал на 2020 година се очекува да придонесе кон надоместување на инвестициските загуби во вториот и третиот квартал на 2020 година до износи на пензиските средства на нивото пред кризата.
Изданието на Пензискиот пазар во Фокус 2020 е на следниот линк: