Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Пензискиот пазар во фокус – Прелиминарни податоци за пензиските фондови за 2021 година

Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД го објави најновиот број на изданието “Пензискиот пазар во фокус – Прелиминарни податоци за пензиските фондови за 2021 година“.

Прелиминарнте податоци, на ОЕЦД, за 2021 година покажуваат дека средствата на пензиските фондови во втората година од пандемијата со вирусот Корона продолжија да растат скоро во сите истражувани земји. Средствата на пензиските фондови во 2021 година изнесуваат 37,7 билиони УСД во земјите членки на ОЕЦД и 0,8 билиони УСД во земјите коишто не се членки на ОЕЦД, што значи дека пензиските средства пораснале за 8% во земјите членки на ОЕЦД и за 2% во земјите коишто не се членки на ОЕЦД.

Инвестициските резултати во 2021 година беа доволни за неутрализирање на зголемента инфлација во повеќе од половина од истражуваните земји. Инфлацијата достигна највисоко ниво во последните 30 години до декември 2021 година, достигнувајќи 6,6% во областа на ОЕЦД. Сепак реалните инвестициски приноси се позитивни во 18 земји членки на ОЕЦД (од 27 истражувани  земји) и во 11 земји коишто не се членки на ОЕЦД (од 26 истражувани земји).

Најголем дел од средствата на пензиските фондови беа инвестирани во обврзници и акции. Заклучно со 2021 година, во просек во сите истражувани земји, учеството на обврзници во портфолиото на пензиските фондови е 48,1%, додека учеството на акции изнесува 26,1%.

Најновиот број на изданието “Пензискиот пазар во фокус – Прелиминарни податоци за пензиските фондови за 2021 година” е на следниот линк:

https://www.oecd.org/daf/fin/private-pensions/Pension-Markets-in-Focus-Preliminary-2021-Data-on-Pension-Funds.pdf

 

Skip to content