Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Пензиските пазари во фокус – Прелиминарни податоци за 2024 година

ОЕЦД го објави најновиот број на изданието “Пензиските пазари во фокус – Прелиминарни податоци за 2024 година“.

Вредноста на пензиските средства во 2024 година продолжи да се зголемува задржувајќи го приближно истот раст како и минатата година. Имено, вредноста на пензиските средства се зголеми за 8,5% во земјите членки на ОЕЦД и за 3,1% во 37 земји коишто не се членки на ОЕЦД. Со тоа се надоместија негативните резултати од 2022 година и се надмина вредноста на пензиските средства во 2021 година. Пензиските планови скоро во сите земји во 2024 година забележаа позитивни номинални стапки на принос што најмногу ги одразуваат инвестициските добивки од вложувањата во акции. Акциите на глобално ниво втора година по ред остваруваат позитивни приноси, при што глобалниот индекс MSCI повторно порасна за околу 20% во 2024 година.

Најновиот број на изданието “Пензиските пазари во фокус – Прелиминарни податоци за 2024 година” е на следната врска: PMF Preliminary 2024

 

Skip to content