Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

ПОКАНА и НАЈАВА за јавен настан организиран по повод почеток на Глобалната недела на парите 2023 година

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, заедно со пензиските друштва и Економскиот факултет во Скопје, ВЕ ПОКАНУВААТ, да присуствувате на јавен настан организиран по повод почеток на Глобалната недела на парите 2023 година на кој ќе имате можност да слушнете за можностите за дополнителното пензиско штедење, придобивките од долгорочното инвестирање и влијанието на економските шокови врз инвестираните средства на краток и долг рок.

Организираме и конструктивна дебата на која секој ќе има можност да го искаже својот интерес во однос на можностите и предностите кои ги нуди пензискиот систем во нашата држава и пензиските системи во другите земји.

 

Дојдете заеднички да го одбележиме почетокот на Глобалната недела на парите 2023 години и да ја зголемиме свесноста за потребата од долгорочно ПЛАНИРАЊЕ НА ВАШИТЕ ПАРИ И ЗАСАДУВАЊЕ НА ВАШАТА ИДНИНА УШТЕ ОД ДЕНЕС, зошто времето до пензија поминува, побрзо отколку што мислиш.

Настанот се одржува на ден 20.03.2023 година (понеделник) со почеток во 11 часот ВЕ ОЧЕКУВАМЕ на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Економскиот факултет Скопје (Амфитеатар 1)

Skip to content