На 23.11.2015 година студенти од трета година на Факултетот за деловна економија и организациони науки на University American College Skopje (UACS) ја посетија Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС. Претставници од МАПАС пред студентите одржаа презентација за системот на капитално финансирано пензиско осигурување и улогата на МАПАС во пензискиот систем, во рамки на предметот Финансиски пазари и институции.
МАПАС е постојано отворена за соработка заради стручна поддршка и едукација на младите за карактаристиките на приватната компонента на пензискиот систем.