Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Посета на МАПАС од студентите на University American College Skopje (UACS)

На 23.11.2015  година студенти од трета година на Факултетот за деловна економија и организациони науки на University American College Skopje (UACS) ја посетија  Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.  Претставници од МАПАС пред студентите одржаа презентација за системот на капитално финансирано пензиско осигурување и улогата на МАПАС во пензискиот систем, во рамки на предметот Финансиски пазари и институции.

МАПАС е  постојано отворена за соработка заради стручна поддршка и едукација на младите за карактаристиките на приватната компонента на пензискиот систем.

Skip to content