Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Прекршочна комисија

Во мај 2009 година се формира Комисија за одлучување по прекршок (Прекршочна комисија) во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Директорот на Агенцијата ги определи членовите на Прекршочната комисија од редот на вработени лица во Агенцијата, согласно условите пропишани во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Прекршочната комисија беше составена од три члена и во октомври 2009 година нејзините членови поминаа обука организирана од Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

На 24.02.2014 година, со решение на Советот на експерти на Агенцијата, се формираше нова Прекршочна комисија, од редот на вработени лица во Агенцијата, која е составена од три члена, од кои еден ја врши функцијата претседател на Прекршочната комисија.

Членовите на Прекршочната комисија се самостојни и независни во работата на Прекршочната комисија и одлучуваат врз основа на своето стручно знаење и самостојно убедување.

Прекршочната комисија одлучува по прекршоците утврдени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување , Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и Закон за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување и изрекува глоби утврдени со овие закони.  Прекршочната комисија има право да изведува докази и собира податоци кои се неопходни за утврдување на прекршокот, како и да врши други работи и  презема дејствија утврдени со Законот за општата управна постапка, Законот за прекршоци и/или со друг закон. Против решенијата на Прекршочната комисија, со кои се изрекува глоба може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред Управниот суд.

 

 

Skip to content