Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Претставници на МАПАС на одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор

Претседателот на Советот на експерти, Ремзи Бајрами, и членот на Советот на експерти, Пранвера Сума, присуствуваа на панел-дискусијата „Иднината на Охридскиот рамковен договор и градењето на одржлив мир“. Настанот, во организација на Министерството за односи меѓу заедниците, се одржа денеска претпладне во Клубот на пратеници во Скопје, во рамки на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј од Договорот.

​Воедно, претставниците на Агенцијата ќе присуствуваат и на Свечената церемонија по повод јубилејот, која ќе се одржи утре, 13 август, на Камениот мост во Скопје.

 

Skip to content