Стефан Трендевски, студент на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, кој во изминатиот период ја заврши праксата во МАПАС, денес одржа презентација пред вработените во МАПАС. Тема на презентацијата беше “Анализа на перформансите на пензискиот сектор во Македонија и други земји”.
Во својата презентација, Стефан истакна дека праксата е од огромна важност за студентите, овозможувајќи им практични искуства и запознавање со процесите и работата во финансиските институции. За економистите, ова е единствениот начин да се подготват за учество на пазарот на труд.
МАПАС ја препозна потребата за поголема афирмација и поддршка на студентите да имаат практична работа, затоа во соработка со факултетите и професорите заеднички ќе продолжиме да развиваме систем и пристап за доближување на теоријата до праксата и ќе овозможиме периодот на пракса да биде корисен за студентите. Денешната презентација на Стефан потврди дека оваа стратегија е успешна, а задоволните студенти се најдобра препорака за останатите.
Праксата, на овој начин, станува процес кој им овозможува на студентите да развиваат лични компетенции и да се подготват за полесно вработување во иднина.