Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Редовен работен состанок на МАПАС со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво и САВА пензиско друштво

Претседателот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, Ремзи Бајрами, заедно со членовите на Советот на експерти, Пранвера Сума и Дарко Саздов, одржаа редовен работен состанок со членовите на управните одбори на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и САВА пензиско друштво АД Скопје.

На состанокот беа разгледани тековните состојби во системот на капитално финансирано пензиско осигурување, активностите на пензиските друштва, како и прашања поврзани со понатамошното унапредување на услугите за членовите на пензиските фондови.

Во рамките на дискусијата беше истакнато значењето на континуираната соработка и редовната комуникација меѓу МАПАС и пензиските друштва, со цел обезбедување стабилен, транспарентен и ефикасен пензиски систем во интерес на осигурениците и идните пензионери.

Учесниците ја потврдија својата заложба за натамошно јакнење на пензискиот систем преку размена на искуства, следење на добрите практики и координирано дејствување во рамките на законските надлежности.

Skip to content