Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Регионална конференција на тема ,,Улогата на регулаторните тела во капитално финансираното пензиско осигурување низ призма на усогласување со ЕУ директивите”

Министерството за труд и социјална политика (МТСП), во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и програмата за поддршка на социјалните институции-заедничка програма на Совет на Европа и Европска Комисија, организираа Регионална конференција на тема ,,Улогата на регулаторните тела во капитално финансираното пензиско осигурување низ призма на  усогласување со ЕУ директивите”.

Регионалната конференција се одржа на 30 јануари 2008 година (среда) во Хотел ,,АРКА” со почеток во 09:30 часот, со обраќање на државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, г-дин Душко Миновски и на г-дин Сиксто Молина од Директоријатот на социјална кохезија на Совет на Европа. 

На конференцијата искуствата ги пренесуваа меѓународни експерти од полето на пензиското осигурување и супервизијата на осигурувањето од Холандија, Бугарија, Словенија и Македонија, а учествуваа преставници од земјите на СИСП проектот (Social institutional support programme): Хрватска, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и набљудувачи од Косово и Р.Црна Гора.  

Целта на одржувањето на конференцијата беше размена на искуства за најзначајните прашања на кои треба да им се посвети внимание при спроведување на теренска и вонтеренска супервизија во рамки на капитално финансираното пензиско осигурување и усогласување на принципите на супервизија со ЕУ директивите. 

На конференцијата беа поканети претставници од електронските и печатените медиуми.

Работна агенда од конференцијата

Презентација на директорот на МАПАС

Skip to content