Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Ремзи Бајрами избран за претседател на Советот на експерти на МАПАС

На седницата одржана на 14 мај 2025 година, Собранието на Република Северна Македонија донесе одлука со која г. Ремзи Бајрами е избран за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Изборот на г. Бајрами претставува признание за неговото долгогодишно професионално искуство и експертиза. Тој ја презема функцијата со силна заложба за натамошно јакнење на институционалните капацитети на МАПАС, унапредување на регулативата и обезбедување стабилен и одржлив пензиски систем, којшто ќе ги штити интересите на осигурениците.

Советот на експерти има клучна улога во формирањето на стручни политики и насоки за развој на капитално финансираното пензиско осигурување, како дел од тростолбниот пензиски систем во државата.

Во име на МАПАС, му упатуваме искрени честитки на г. Бајрами за изборот и му посакуваме успешно извршување на оваа значајна и одговорна функција.

Skip to content