МАПАС во текот на месец мај 2021 година, спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови преку телефонска анкета.
Вкупниот примерок, опфатен во оваа анкета го сочинуваа 1.100 испитаници, членови на задолжителни пензиски фондови, при што 47% од испитаниците се членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, 50% од испитаници се членови на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и 3% од испитаниците се членови на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје. Во примерокот, 96% од испитаниците се членови со склучен договор за членство додека 4% се распределени членови.
Четвртата група на прашања во анкетата го утврдува нивото на лична информираност со улогата на пензиските друштва и пензиските фондови и задоволство од работата/услугите на пензиските друштва.
Прашањата од оваа група, како и добиените резултати се следните:
- Дали Вашите средствата се инвестираат од страна на пензиското друштва и вие остварувате принос?
57,7% од испитаниците одговориле дека нивните средствата се инвестираат од страна на нивното пензиско друштво и остваруваат принос, а 16,9% одговориле дека нивните средствата не се инвестираат. 25,4% одговориле дека не знаат дали се инвестираат нивните средства.
- Дали пензиското друштво има обврска да Ви испраќа извештај за пензиска заштеда во зелен плик еднаш во годината?
83,4% од испитаниците одговориле дека пензиското друштво има обврска да им испраќа извештај за пензиска заштеда во зелен плик еднаш во годината, а 7,1% одговориле дека пензиските друштва немаат таква обврска. 9,5% одговориле дека не знаат дали пензиските друштва имаат обврска да испраќаат извештај за нивната пензиска заштеда.
- Дали имате електронски пристап до вашата индивидуална сметка, во секое време?
63,7% од испитаниците одговориле дека имаат електронски пристап до нивната индивидуална сметка во секое време, а 24,5% одговориле дека немаат електронски пристап. 11,8% одговориле дека не знаат дали имаат електронски пристап.
- Дали сте задоволни од работата на пензиското друштво?
78,5% од испитаниците одговориле дека се задоволни од работата на нивното пензиско друштво, а 5,4% одговориле дека не се задоволни. 16,1% одговориле дека не знаат.
Вкупна оцена на нивото на лична информираност со улогата на пензиските друштва и пензиските фондови и задоволство од работата/услугите на пензиските друштва изнесува 3,83 (на скала од 1 до 5) односно многу мал дел од испитаниците или 7,7% воопшто не се информирани и запознаени со улогата на пензиските друштва и пензиските фондови.
Графички приказ на добиените резултати од нивото на лична информираност со улогата на пензиските друштва и пензиските фондови и задоволство од работата/услугите на пензиските друштва:
Поврзани информации:
- МАПАС спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови во мај 2021 година;
- Резултати од истражувањето за степенот на Лична информираност за членување во задолжителен пензиски фонд;
- Резултати од истражувањето за нивото на Лична информираност и запознаеност со вториот пензиски столб;
- Резултати од истражувањето за начинот на кој членовите на задолжителните пензиски фондови се информираат за вториот столб.