МАПАС во текот на месец мај 2021 година, спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови преку телефонска анкета.
Вкупниот примерок, опфатен во оваа анкета го сочинуваа 1.100 испитаници, членови на задолжителни пензиски фондови, при што 47% од испитаниците се членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, 50% од испитаници се членови на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и 3% од испитаниците се членови на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје. Во примерокот, 96% од испитаниците се членови со склучен договор за членство додека 4% се распределени членови.
Петтата група на прашања во анкетата го утврдува нивото на познавање на правата и обврските од членување во задолжително капитилано финансирано пензиско осигурување.
Прашањата од оваа група, како и добиените резултати се следните:
- Дали имавте право на избор на задолжителен пензиски фонд во моментот кога пристапивте во вториот столб?
68,2% од испитаниците одговориле дека имале право на избор на задолжителен пензиски фонд во моментот на пристапување во втор столб, а 19,6% одговориле дека немале право на избор. 12,2% одговориле дека не знаат дали имале право на избор на задолжителен пензиски фонд.
- Дали имате право да преминете во друг задолжителен пензиски фонд, доколку не сте задоволни од работата на вашето пензиското друштво?
74,7% од испитаниците одговориле дека имаат право да преминат во друг задолжителен пензиски фонд доколку не се задоволни од работата на пензиското друштво, а 7,2% одговориле дека немаат право на премин. 18,1% одговориле дека не знаат дали имаат право да преминат во друг задолжителен пензиски фонд.
- Дали вашите средства од задолжителниот пензиски фонд (вториот столб) се наследни?
47,8% од испитаниците одговориле дека средствата од задолжителниот пензиски фонд се наследни, а 16,5% одговориле дека не се наследни. 35,7% одговориле дека не знаат дали средствата од задолжителниот пензиски фонд се наследни.
- Дали имате право на избор на видот на исплата на пензија од втор столб (програмирани повлекувања, ануитет или комбинација од двата вида)?
47,8% од испитаниците одговориле дека имаат право на избор на вид на исплата на пензија од втор столб, а 12,5% одговориле дека немаат такво право. 39,6% одговориле дека не знаат дали имаат право на избот на вид на исплата на пензија.
Вкупна оцена на нивото на познавање на правата и обврските од членување во задолжителните пензиски фондови изнесува 3,39 (на скала од 1 до 5) односно 15% од испитаниците воопшто не ги познаваат своите права и обврски од членување во задолжителните пензиски фондови.
Графички приказ на добиените резултати за нивото на познавање на правата и обврсите од членување во задолжителните пензиски фондови:
Поврзани информации:
- МАПАС спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови во мај 2021 година
- Резултати од истражувањето за степенот на Лична информираност за членување во задолжителен пензиски фонд
- Резултати од истражувањето за нивото на Лична информираност и запознаеност со вториот пензиски столб
- Резултати од истражувањето за начинот на кој членовите на задолжителните пензиски фондови се информираат за вториот столб
- Резултати од истражувањето за нивото на лична информираност со улогата на пензиските друштва и пензиските фондови и задоволство од работата на пензиските друштва