Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Резултати од истражувањето за степенот на запознаеност на членовите на задолжителните пензиски фондови за можноста за штедење средства во доброволен пензиски фонд

МАПАС во текот на месец мај 2021 година, спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови преку телефонска анкета.

Вкупниот примерок, опфатен во оваа анкета го сочинуваа 1.100 испитаници, членови на задолжителни пензиски фондови, при што 47% од испитаниците се членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, 50% од испитаници се членови на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и 3% од испитаниците се членови на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје. Во примерокот, 96% од испитаниците се членови со склучен договор за членство додека 4% се распределени членови.

Последното прашање во анкетата го утврдува степенот на запознаеност на членовите на задолжителните пензиски фондови за нивното право за штедење средства во доброволен пензиски фонд со цел обезбедување на дополнителен приход по пензионирањето.

На прашањето Дали знаете дека имате право доброволно да штедите средства во доброволен пензиски фонд со цел обезбедување на дополнителен приход по пензионирањето?”, 53,0% од вкупниот број на испитаници одговориле дека знаат, а 5,4% одговориле дека се веќе членови во доброволен пензиски фонд. 41,7% од испитаниците одговориле дека не знаат дали имаат право доброволно да штедат пензиски средства.

Графички приказ на добиените резултати за степенот на запознаеност на членовите на задолжителните пензиски фондови за нивното право за штедење средства во доброволен пензиски фонд со цел обезбедување на дополнителен приход по пензионирањето:

 

Поврзани информации:

 

Skip to content