Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение до јавноста за намалување на надоместокот од уплатени придонеси

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека почнувајќи од 1.1.2020 година надоместокот од придонеси кој го наплатуваат пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје се намалува и изнесува 2% од секој уплатен придонес во задолжителен пензиски фонд наместо досега важечкиот 2,25%.
Исто така, Агенцијата ја известува јавноста дека со ова се намалуваат трошоците на членовите на задолжителните пензиски фондови.

Skip to content