Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека е добиена согласност од страна на Собранието на Република Северна Македонија за намалување на висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата од пензиските друштва за 2023 година на 0,7% од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата.
Согласно член 56 став (3) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување е пропишано дека Агенцијата наплатува месечен надомест на товар на пензиските друштва најмногу до 0,8% од секој уплатен придонес во претходниот месец во пензиските фондови со кои управуваат.
Пресметките на Агенцијата покажаа дека месечниот надомест за 2023 година, треба да изнесува 0,7% од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата.
За очекуваниот прилив на придонеси беа користени проценки за прилив на придонеси во задолжителните и во доброволните пензиски фондови во 2023 година.
Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за развој на пензискиот систем, како и повеќе можности во интерес на членовите на пензиските фондови.