Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува пошироката јавност за извршена корекција на индивидуалните сметки на членовите во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.
Поради утврден технички проблем во процесот на распределба на придонесот за ПИО, институциите во пензискиот систем во септември и октомври 2020 година пристапија кон анализа и отстранување на недоследностите. При тоа, беше утврдена разлика во однос на индивидуалните сметки која е корегирана во ноември 2020 година. Корекциите се евидентирани на секоја индивидуална сметка и секој член има увид во истата.
Сите корекции се направени по извршени сеопфатни анализи и детални пресметки за сите индивидуални сметки од страна на институциите во пензискиот систем.