Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за трагичниот настан во Кочани

Со длабоко жалење и тага ја примивме веста за трагичниот настан што се случи во Кочани, при што животот го загубија наши сограѓани, а многумина се повредени. Овој немил настан остава неизмерна болка во срцата на семејствата, пријателите и целата јавност.
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и ја споделува болката на сите погодени од оваа трагедија.
Нашите мисли се со повредените и им посакуваме брзо закрепнување.
Овој трагичен настан нè потсетува на важноста на меѓусебната поддршка, солидарноста и заедништвото. Во духот на овие вредности, МАПАС посветена на заштитата на интересите на граѓаните изразува подготвеност за каква било помош и поддршка во рамките на своите надлежности.
Нека почиваат во мир настраданите, а нивните најблиски нека најдат утеха и сила во овие тешки моменти.

Skip to content