Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за одржан онлајн вебинар

Агенцијата за капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС во соработка со Асоцијацијата за човечки ресурси – МАЧР на 10.03.2022 година во 13 часот одржаа онлајн настан на тема “Вложувањето во иднината како алатка за задржување на вработените во организациите”.

Како гости говорници на темата учествуваа претседателот на Асоцијацијата Дарко Петровски, претставникот на МАПАС – Марија Поповска и претставниците од трите пензиски друштва Горан Мартиноски од КБ прво пензиско друштво АД Скопје, Зоран Габеданов од Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Сунчица Нешовска  од Триглав пензиско друштво АД Скопје.

Главната идеја за започнување на зедничка соработка и организирање на овој настан е потребата за подигнување на свеста во јавноста за континуирана едукација за пензискиот систем и особено за капитално финансирано пензиско осигурување.

Како одговорна институција МАПАС секогаш се грижи за правата на членовите на пензиските фондови и ги изнаоѓа сите можни начини и средства да ја информира јавноста.

Темите кои беа разработени на настанот го поттикна интересот  на учесниците што претставува поголем мотив за понатамошна заедничка соработка.

 

Skip to content