Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение за учество на конференција организирана од НЛБ Банка АД Скопје по повод одбележување на 40 години од работењето на Банката

На покана од НЛБ Банка АД Скопје, по повод одбележување на 40 години од работењето на Банката, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС учествуваше на конференција посветена на актуелни теми од областа на финансиската стабилност, управувањето со ризици и развојот на финансискиот сектор.

Настанот беше организиран со цел да се поттикне стручна дискусија, размена на искуства и унапредување на соработката меѓу финансиските институции, регулаторните тела и деловната заедница, со особено внимание на современите предизвици и можности во финансискиот систем.

Од МАПАС на настанот присуствуваа Претседателот на Советот на експерти, Ремзи Бајрами и Раководителот на одделението за исплата на пензии, Вјолца Сулејмани Асани.

МАПАС останува посветена на унапредување на надзорните практики, зголемување на транспарентноста и заштита на интересите на членовите на пензиското осигурување, како и на продлабочување на соработката со сите релевантни институции.

                         

Skip to content