
На 25 ноември 2025 година, се одржа конференција на тема: „Ризиците поврзани со климатските промени и финансиската стабилност: Управување со денешните предизвици и утрешните можности“, во организација на Народната банка на Република Северна Македонија.
Од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС на конференцијата присуствуваа Претседателот на Советот на експерти, Ремзи Бајрами, и Главниот советник на Претседателот на Советот на експерти, Пранвера Сума.
Учеството на МАПАС на настанот беше во насока на следење на актуелните процеси поврзани со климатските ризици и нивното влијание врз финансиската стабилност, како и размена на професионални искуства и добри практики со претставниците на финансиските институции и регулаторите.

(02) 3224 229
contact@mapas.mk