Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување учествуваше на првата регионална конференција организирана од страна на Асоцијацијата на пензиски друштва на Р. Албанија „Приватните пензии во фокус„. Главната цел на конференцијата беше анализа и дискусија на состојбите во пензискиот систем во Р. Албанија и потребата за негова реформа. На панелот за „Втор и трет столб од пензискиот систем„ од Агенцијата учествуваше Владо Георгиев, раководител на Сектор за инситуционална контрола.