Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Доставено барање за добивање дозвола за вршење дејност – управување со задолжителни пензиски фондови

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС известува дека од страна на ДУДПФ ВФП Пениско друштво АД Скопје, е доставено Барање за добивање дозвола за вршење на дејност – управување со задолжителни пензиски фондови, условно одобрение за управување со задолжителен пензиски фонд и запишување на задолжителен пензиски фонд во Регистарот на задолжителни и доброволни пензиски фондови.

Кон Барањето е доставена документација согласно одредбите од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и релевантната подзаконска регулатива.

Доставената документација опфаќа документи поврзани со друштвото, неговиот акционер, органите на управување, предложениот менаџерски тим, организациската структура и внатрешните акти на друштвото, како и документација поврзана со задолжителниот пензиски фонд и банката чувар на имот.

По приемот на Барањето и документацијата, МАПАС ќе ја спроведе соодветната постапка за разгледување и оценување на исполнетоста на законските и регулаторните услови, во рамките на своите законски надлежности.

МАПАС останува посветена на транспарентно и професионално спроведување на постапките од своја надлежност, со цел обезбедување на сигурен, стабилен и ефикасен систем на капитално финансирано пензиско осигурување.

Skip to content