Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја информира јавноста дека висината на месечниот надоместок што Агенцијата го наплатува изнесува 0,6% од вкупните придонеси уплатени во претходниот месец во секој пензиски фонд.
Овој надоместок има значајна улога во заштитата на интересите на членовите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување. Пониските трошоци придонесуваат за поефикасно управување со средствата и овозможуваат позитивно влијание врз нето-состојбата на индивидуалните сметки на членовите. На тој начин се зајакнува одржливоста, ефикасноста и транспарентноста на пензискиот систем.
(02) 3224 229
contact@mapas.mk