Agency for Supervision
of Fully Funded Pension Insurance

Expert Council Sessions 2021

Советот на експерти одржа седница на 31.08.2021 година и донесе:

• Правилник за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд.

Образложение:

Со член 1 од Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд се пропишува можност за дигитално склучување на договор за членство во задолжителен пензиски фонд чиј процес е опишан во Прилог број 1 од овој правилник. На овој начин се олеснува комуникацијата помеѓу пензиско друштво и потенцијалните членови на задолжителниот пензискиот фонд. При изготвување на оваа одредба земени се во предвид одредбите од Законот за заштита на лични податоци и направена е претходна Проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци при дигитализација на договор за членство во пензиски фонд.
Со членот 2 се брише доставата на договор за премин до постојното друштво, со што се олеснува процесот на премин поради тоа што истиот може да се изврши и без доставување на договор до постојното друштво.
Со членот 3 се врши усогласување на текстот на одредбата со новиот назив на Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Со членот 4 се врши усогласување со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги односно се пропишува одредба со која се овозможува комуникацијата помеѓу пензиско друштво и Агенцијата да се одвива во хартиена или во електронска форма согласно закон. Согласно член 6 од Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги електронскиот документ има иста правна и доказна сила како и писмената форма на документот, согласно со закон. Електронскиот документ не може да се оспори како доказ во управна или судска постапка, само затоа што е создаден во електронски облик. На овој начин се забрзува комуникацијата помеѓу пензиските друштва и Агенцијата и со тоа се подобрува ефикасноста и ефективноста на процесите.
Со членот 5 се менува договорот за членство во задолжителен пензиски фонд на македонски јазик и двојазичниот образец. Се бришат определени податоци (датум, место на раѓање и пол ) бидејќи истите се содржани во единствениот матичен број на граѓанинот (МБГ) кој го има во договорот. Исто така се брише и податокот за датумот на прво вработување, поради тоа што е утврдено дека таквиот податок е непотребен за да се склучи договорот за членство во задолжителен пензиски фонд. Поради тоа што станува збор за обрасци кои треба да се имплементираат во софтверот на друштвата се пропишува одложена примена од 01.01.2022 година.

• Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд.
Образложение:

Со членовите 1, 3, 4, 5 и 8 од Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд се врши усогласување на одредбите од овој правилник со Законот за употребата на јазиците. Се пропишуваат можноста обрасците од овој правилник да се издадат и во двојазична форма по барање на лице. Поради тоа што станува збор за обрасци кои треба да се имплементираат во софтверот на друштвата се пропишува одложена примена од 01.01.2022 година.
Со членот 2 се пропишува можност за дигитално склучување на договор за членство во доброволен пензиски фонд чиј процес е опишан во Прилог број 1 од овој правилник . На овој начин се олеснува комуникацијата помеѓу пензиско друштво и потенцијалните членови на доброволниот пензискиот фонд. При изготвување на оваа одредба земени се во предвид одредбите од Законот за заштита на лични податоци и направена е претходна Проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци при дигитализација на договор за членство во пензиски фонд.
Со членот 6 се врши усогласување на одредбите од овој правилник со Законот за употребата на јазиците и се брише доставата на договор за премин до постојното друштво, со што се олеснува процесот на премин поради тоа што истиот може да се изврши и без доставување на договор до постојното друштво.
Со членот 7 и 9 се врши усогласување на текстот на одредбите со новиот назив на Дирекцијата за заштита на лични податоци и се врши усогласување со Законот за заштита на личните податоци.
Со членот 10 се врши усогласување со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги односно се пропишува одредба со која се овозможува комуникацијата помеѓу пензиско друштво и Агенцијата да се одвива во хартиена или во електронска форма согласно закон. Согласно член 6 од Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги електронскиот документ има иста правна и доказна сила како и писмената форма на документот, согласно со закон. Електронскиот документ не може да се оспори како доказ во управна или судска постапка, само затоа што е создаден во електронски облик. На овој начин се забрзува комуникацијата помеѓу пензиските друштва и Агенцијата и со тоа се подобрува ефикасноста и ефективноста на процесите.
Со членот 11 се менува договорот за членство во доброволен пензиски фонд и се бришат определени податоци (датум, место на раѓање и пол ) бидејќи истите се содржани во единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ) кој го има во договорот.
Со членот 12 се додаваат шест нови обрасци Образец број 7, Образец број 8, Образец број 9, Образец број 10, Образец број 11 и Образец број 12 кои се двојазични.

Советот на експерти даде одобрение на:

• Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за одобрување на избор на независен член на Надзорен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Советот на експерти даде одобрение/согласност на:
1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за одобрување на одговорно лице за Внатрешен ревизор;
2. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за одобрување на одговорно лице за сметки;
3. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за одобрување на одговорно лице за Внатрешен ревизор;
4. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за избор на член на Надзорен одбор и
5. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за реизбор на член на Управен одбор.

Советот на експерти ги разгледа:
1. Кварталниот извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.04.2021 година до 30.06.2021 година и
2. Полугодишниот извештај за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јануари – јуни 2021 година.

Советот на експерти одржа електронска седница на 24.06.2021 година и усвои/донесе:

1. Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2020 година

2. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво:

Образложение:

Со Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво се врши усогласување на одредбите со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Се овозможува барањата и документацијата потребна за издавање на одобрение за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво, да се доставува и по електронски пат согласно со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Согласно член 6 од овој закон електронскиот документ има иста правна и доказна сила како и писмената форма на документот, согласно со закон. Електронскиот документ не може да се оспори како доказ во управна или судска постапка, само затоа што е создаден во електронски облик.
На овој начин се забрзува комуникацијата помеѓу пензиските друштва и Агенцијата во процесот на издавање на одобренија за избор на член на управен одбор и на надзорен одбор на пензиско друштво, и со тоа се подобрува ефикасноста и ефективноста на овој процес.

3. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање на одобрениja на измените на документите поднесени при лиценцирање:

Образложение:

Со Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и постапката за давање на одобрениja на измените на документите поднесени при лиценцирање се врши усогласување на одредбите со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Се овозможува барањата и документацијата потребна за издавање на одобрение, да се доставува и по електронски пат согласно со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Согласно член 6 од овој закон електронскиот документ има иста правна и доказна сила како и писмената форма на документот, согласно со закон. Електронскиот документ не може да се оспори како доказ во управна или судска постапка, само затоа што е создаден во електронски облик.
На овој начин се забрзува комуникацијата помеѓу пензиските друштва и Агенцијата во процесот на издавање на одобренија, и со тоа се подобрува ефикасноста и ефективноста на овој процес.

4. Извештај за реализација на Годишниот план за вработување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јануари – јуни 2021 година.

Советот на експерти даде одобрение/согласност на:
1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност за договорите склучени меѓу ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност.

Советот на експерти ги разгледа:
1. Финансиските извештаи за 2020 година со Извештај на независниот ревизор и
2. Полугодишниот извештај за работата на Комисијата за одлучување по прекршок на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јануари – јуни 2021 година.

Информација од 45-та седница на Советот на експерти, одржана на 31.05.2021 година

Советот на експерти на седницата одржана на 31.05.2021 година усвои:

1. Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2020 година.
Советот на експерти даде одобрение на:
1. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за ново раководно лице во областа на администрирање на сметки;
2. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за избор/реизбор на членови на Надзорниот одбор на Друштвото;
3. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на согласност на договорите склучени за вршење работи на берзански посредник и
4. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на согласност за Договори за посредување при купопродажба на хартии од вредност.

Информација од 44-та седница на Советот на експерти, одржана на 27.04.2021 година

Советот на експерти одржа седница на 27.04.2021 година и донесе:

• Правилник за измена и дополнување на Правилникот за лиценцирање на пензиски друштва

Образложение:

Со членовите 1, 3 и 4 од измената на Правилникот за лиценцирање на пензиски друштва се брише ограничувањето за искуството кое треба да го имаат основачите во областа на управување со пензиски фондови и се отвара можност на пазарот да се вклучат и правни лица кои имаат искуство во управување со средства во поширока смисла на зборот (инвестициски фондови, банки и други финансиски институции).
Со членовите 2 и 5 се врши усогласување на текстот на правилникот со новиот назив на Управата за финансиско разузнавање и новото име на државата.
Со членот 6 се врши номотехничко подобрување на текстот на обрасците кои се составен дел на правилникот.

• Стратегиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот 2021–2025 година.

Советот на експерти даде одобрение на:

• Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за изменување на одговорно лице за управување со ризици;
• Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за изменување и дополнување на Статутот на Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус и
• Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на одобрение за реизбор на Весна Стојановска за член на Управниот одбор на Друштвото.

Советот на експерти одржа седница на 30.03.2021 година.

Советот на експерти одржа седница на 17.03.2021 година.

Советот на експерти одржа електронска седница на 18.02.2021 година.

Информација од 40-та седница на Советот на експерти, одржана на 28.01.2021 годинаСоветот на експерти одржа седница на 28.01.2021 година.

Skip to content