Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седници на совет на експерти 2014

Советот на експерти одржа седница на 07.11.2014 година.

Советот на експерти одржа седница на 13.10.2014 година.

Советот на експерти одржа седница на 07.10.2014 година.

Советот на експерти одржа седница на 01.10.2014 година.

Советот на експерти на седницата одржана на 02.09.2014 година го донесе:

Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд.

Образложение

Со член 1 од овој правилник, по постојниот член 16, се додаваат два нови члена 16-а и 16-б со кои се регулира можноста за корекција, менување и ажурирање на податоците на член на доброволен пензиски фонд. Со членот 16-а се дава можност друштвото да коригира личен податок на член во оригинален договор за членство и да менува или ажурира личен податок на член во евиденцијата на членови кои се сопственици на доброволни индивидуални сметки и во евиденцијата на членови кои се сопственици на професионални сметки врз основа на барање на Образец 6 на овој правилник. Друштвото врши непосреден увид во лична карта/документ за лична идентификација на членот преку лице овластено од надлежен орган на друштвото или преку агент.

Исто така, со член 16-б се регулира начинот на ажурирање на личните податоци во евиденцијата на членови по електронски пат односно преку електронскиот систем на интернет страната на друштвото. При тоа, заради обезбедување на безбедност и заштита на личните податоци, друштвото треба да обезбеди електронска идентификација и проверка на авторизацијата на лицето кое сака да изврши ажурирање на податоците.

Со член 2 се прави измена затоа што во обрасците 1, 2 и 5 се менува ознаката за матичен број на граѓанинот.

Со членот 3 се воведува нов Образац 6 како барање за ажурирање на личните податоци на членот.

Со членот 4 се уредува преоден рок за примена на Обрасците број 1, 2 и 5 односно да започнат да се применуваат од 1 јануари 2015 година заради потребата од техничка припрема на пензиските друштва при примената на овие одредби.

Советот на експерти одржа седница на 01.08.2014 година.

Советот на експерти одржа седница на 17.07.2014 година.

Советот на експерти на седницата одржана на 10.07.2014 година ги усвои следните акти:

1. Правилник за критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на испитот за агент

Со овој правилник се пропишуваат критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на испитот за агенти на пензиски друштва. Потребата од донесување на овој правилник произлезе од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување од ноември 2013 година. Со овој закон се воспостави нов систем на одржување на испит за агенти на пензиски друштва, согласно кој испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар на РМ избрано од Агенцијата.

2. Правилник за агенти на пензиски друштвa

Донесувањето нов Правилник за агенти на пензиски друштва произлезе од потребата за усогласување на одредбите на постојниот правилник со Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување од ноември 2013 година. Со овој закон се воспостави нов систем на одржување на испит за агенти. Во законот детално е уредена постапката за полагање на испитот за агент, а со овој правилник дополнително се уредува постапката за полагање испит за агент, запишување на лицето во Регистарот на агенти, начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот како и формата, и содржината на уверението за положен испит за агент. Согласно закон, испитот се полага во два дела и тоа први дел е теоретскиот дел од испитот а вториот дел е практичен пример.

Со преодните одредби се уредува начинот на полагање на испитот до 04.12.2014 година односно до денот на започнување на примена на Законот изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување како и изменетите одредби на овој правилник.

Советот на експерти одржа седница на 30.06.2014 година.

Советот на експерти на седницата одржана на 28.05.2014 година го усвои следниот акт:

Правилник за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд

Образложение

Со член 1 од овој правилник се врши усогласување на членот 2 од постојниот правилник со најновите дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување согласно кои осигурениците за кои е утврдено ослободување од плаќање на придонеси од задолжително капитално финансирано пензиско осигурување не се задолжителни членови на вториот пензиски столб. Исто така, се прави техничко подобрување на текстот.

Сo член 2 од овој правилник се регулира можноста за корекција и ажурирање на податоците на членот со поднесување на барање до друштвото на образец број 4 и притоа се пропишува обврската за непосреден увид во документот за лична идентификација на лицето кое бара промена на податоците, од страна на овластено лице на друштвото или агент.

Со член 3 се прави измена затоа што само друштвото ќе врши корекција на податоците на членовите, а не и Агенцијата. Исто така, се менува ознаката за матичен број на граѓанинот.

Со член 4 од овој правилник се овозможува ажурирањето на личните податоци од договорот за членство да се врши и по електронски пат од страна на членот со тоа што друштвото се обврзува да обезбеди соодветна заштита на системот и на личните податоци на членот преку двојна верификација на лицето кое сака да изврши ажурирање на податоците.

Со членот 5 се прави измена на обрасците 1, 2 и 3 поради промена на ознаката за матичен број на граѓанинот и промена на линкот за веб страната на Агенцијата, како и на образецот 4 со кој досегашната изјава се заменува со барање од членот.

Со членот 6 се уредува преоден рок за примена на Обрасците број 1, 2 и 3 од член 5 на овој правилник, односно да започнат да се применуваат од 1 јануари 2015 година заради потребата од техничка припрема на пензиските друштва при примената на овие одредби.

Советот на експерти одржа седница на 07.05.2014 година.

Советот на експерти на седницата одржана на 28.04.2014 година го усвои следниот акт:

1. Годишен извештај за состојбите во капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти одлучи за склучување на:

1. Меморандум за соработка помеѓу Природно математичкиот факултет Скопје и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти на седницата одржана на 17.03.2014 година ги донесе/усвои следните акти:

Финансиски извештаи за 2013 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;

Годишниот извештајот за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2013 година;

Годишен план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за теренска контрола за 2014 година.

Советот на експерти одржа седница на 05.03.2014 година.

Советот на експерти на седницата одржана на 24.02.2014 година ги донесе/усвои следните акти:

Квартален извештај за реализација на годишниот план за јавни набавки за периодот од 15.09.2013 година до 31.12.2013 година

Правилник за измена и дополнување на Правилникот за постапка за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност

Измената и дополнувањето на Правилникот за постапка за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност произлезе од потребата за унапредување и поедноставување на постапката за избор на домашни правни лица за вршење на услуги со хартии од вредност.

Правилник измена на Правилникот за максималниот износ и за начинот на плаќање на паричниот надоместок за премин на член од еден во друг пензиски фонд

Со измената на Правилникот за максималниот износ и за начинот на плаќање на паричниот надоместок за премин на член од еден во друг пензиски фонд се врши усогласување со измените во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, кои се однесуваат на постапката на премин од еден во друг пензиски фонд. Согласно закон постапката за премин на член од еден во друг пензиски фонд се одвива помеѓу сегашното и идното друштво и од оваа постапка е исклучена Агенцијата.

Советот на експерти на седницата одржана на 31.01.2014 година ги донесе следните акти:

Правилник за водење на евиденција и податоци кои пензиските друштва и друштвата за осигурување ги доставуваат до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија

Со овој правилник се уредува начинот на водење на евиденцијата и видот на податоците кои пензиските друштва и друштвата за осигурување ги доставуваат до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

Правилник за доставување статистички податоци за фактичката смртност на корисниците на пензија и/или пензиски надоместок од пензиските друштва до МАПАС

Со овој правилник се уредуваат периодот и формата на статистичките податоци за фактичката смртност на корисниците на пензија и/или пензиски надоместок кои пензиските друштва ги доставуваат до Агенцијата. Се пропишува содржината на евиденција и статистички податоци за фактичката смртност на корисниците на пензија и/или пензиски надоместок, која ја води пензиското друштво.

Правилник за начинот на споредување на месечните износи на програмираните повлекувања и пензијата од прв столб и начинот на проверка и доплата на најнизок износ на пензија

Со овој правилник се уредува начинот на кој пензиското друштво врши споредба на месечните износи на програмираните повлекувања и пензијата од прв столб, начинот за проверка и доплата на најнизок износ на пензија, податоци кои пензиското друштво ги користи при проверка дали корисникот на пензија има право на разлика до најнискиот износ на пензија за претходниот месец. Исто така со овој правилник се уредува и начинот и постапката на известување на Фондот на ПИОМ од страна на пензиското друштво, за сите корисници кои имаат право на доплата до најнискиот износ на пензија.

Правилник за правилата и минималните стандарди за определување на каматни стапки

Со овој правилник се пропишуваат правилата и минималните стандарди за определување на каматни стапки што пензиското друштво ги користи при пресметката на ануитетниот фактор за пензии од втор столб преку доживотни и привремени програмирани повлекувања.

Правилник за правилата и минималните стандарди за таблиците на смртност

Со овој правилник се уредуваат правилата и минималните стандарди за определување на таблиците на смртност кои пензиското друштво ги користи при пресметување на ануитетниот фактор за пензии од втор столб преку доживотни и привремени програмирани повлекувања.

Правилник за презентирање понуди за проектирани идни пензии

Со овој правилник се уредува начинот и постапката на презентирање на понудите на членот на пензискиот фонд од страна на агент на пензиското друштво, и се пропишува образец за содржината на понудите за проектирани идни пензии.

Правилник за проекции на пензиите и износите на индивидуалните сметки за програмирани повлекувања

Со овој правилник се пропишува начинот на кој пензиското друштво врши проекции на пензиите и износите на индивидуалната сметка на крајот на периодот од 10 и 20 години за програмирани повлекувања. Определени се параметрите кои пензиското друштво ги користи при проектирање на идните пензии.

Правилник за начинот на промена на вид на исплата на пензија

Со овој правилник се уредува начинот на промена на програмирани повлекувања во друг вид на исплата на пензијата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Пропишан е образец за Барање за промена на вид на исплата на пензија од втор столб кое корисникот на пензија преку пензиското друштво го доставува до Центарот за котација. До основање на Центарот за електронски систем на котација собирањето и презентирањето на понуди за доживотни програмирани повлекувања од втор столб, да ги врши пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд каде што членот има индивидуална сметка.

Правилник за промена на видот на исплата на пензиски надоместок

Со овој правилник се уредува постапката на промена на програмирани повлекувања и повеќекратна исплата во друг вид на исплата на пензиски надоместок во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Пропишани се обрасци за: Барање за промена на вид на исплата на пензиски надоместок, кое корисникот на пензиски надоместок го поднесува до пензиското друштво и Барање за промена на вид на исплата на пензиски надоместок–лично, кое се корисникот на пензиски надоместок го поднесува лично до Центарот за котација. До основање на Центарот за електронски систем на котација се предвидува собирањето и презентирањето на понуди за доживотни програмирани повлекувања од трет столб, да ги врши пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд каде што членот има сметка.

Советот на експерти на седницата одржана на 20.01.2014 година ги донесе следните акти:>>>

Правилник за содржината на инвестициона стратегија на пензиски фонд

Со овој правилник се врши усогласување со последните измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, поврзани со воведувањето на супервизија заснована на оценка на ризици. Бидејќи се изменети членовите од двата закона кои се основ за донесување на овој правилник, се донесува нов правилник. Со овој правилник се пропишува обврската иинвестиционата стратегија да се однесува за период од најмалку седум години. Ова се прави со цел да се истакне фокусот на инвестирањето на долг рок. Исто така, појдовните елементи за подготвување на инвестиционата стратегија се прошируваат со: инвестициски ризици и процеси за управување со ризиците, минимизирање на ризикот од загуби и исполнување на фидуцијарната должност.

Правилник за измена на правилникот за надоместоци за задолжителните пензиски фондови

Измената на членот 6 на овој правилник се однесуваат на начинот на пресметка и информирање за месечниот надоместок за управување со средствата на пензиските фондови од страна на чуварот на имот. Досега оваа обврска ја извршуваше Агенцијата која вршеше дневна проценка на средствата на пензиските фондови и пресметуваше на секој датум на проценка надоместок за управување со средства преку делење на истиот со бројот на датуми на проценка во месецот и потоа резултатот го множеше со вредноста на нето средствата на пензискиот фонд. Со оглед на тоа што од 01.01.2014 година обврската за проценка на средствата на пензиските фондови ќе ја извршуваат чуварите на имот, обврската за пресметка и за овој надоместок ќе биде на чуварот на имот. Од тој аспект чуварот на имот ќе го пресметува овој надоместок и ќе врши исплата на пензиското друштво во име на пензискиот фонд, по добивање на фактура од пензиското друштво. Доколку износот што е доставен во фактурата се разликува од пресметката што ја прави чуварот на имот, пензиското друштво е должно да изврши корекција на фактурата и да достави нова фактура до чуварот на имот.

Заради начинот на пресметка на надоместоците, со предложените одредби се врши измена само на надоместокот од управување со средства, додека надоместокот од придонес и понатаму Агенцијата ќе го пресметува и ќе го праќа како информација до чуварите на имот. Ова е од причина што чуварите на имот, на дневна основа ги примаат збирните податоци за членовите и немаат евиденција на членовите и поединечни уплати, за да вршат пресметка на секоја уплата. Од друга страна Агенцијата врши пресметка на надоместокот од секоја поединечна уплата и за вкупниот износ за надоместокот го известува секој чувар на имот.

Skip to content