Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седници на совет на експерти 2015

Советот на експерти одржа седница на 22.12.2015 година.

Советот на експерти на седницата одржана на 10.12.2015 година го донесе/одлучи следново:

1. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови;
2. Правилник за измена и дополнување на правилникот за начинот и постапката на пренос на средствата во Фондот на ПИОМ;
3. Правилник за измена на Правилникот за индивидуални сметки и
4. Да склучи меморандум за соработка со Универзитетот ВИЗИОН.

Советот на експерти одржа седница на 05.11.2015 година.

Советот на експерти одржа седница на 19.10.2015 година.

Советот на експерти одржа седница на 29.09.2015.

Советот на експерти одржа седница на 09.09.2015 година.

Советот на експерти одржа седница на 19.08.2015 година.

Советот на експерти одржа седница на 21.07.2015 година.

Советот на експерти одржа седница на 02.07.2015 година.

Советот на експерти одржа седница на 09.06.2015 година и го усвои:
1.Извештајот за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2014 година.

Советот на експерти одржа седница на 21.05.2015 година.

Советот на експерти одржа седница на 13.05.2015 година.

Советот на експерти одржа седница на 21.04.2015 година и ги донесе следните акти:

1 .Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот на известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на пензиско друштво
Со член 1 од измената на Правилникот за начинот на известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на пензиско друштво, се дополнува обврската на пензиското друштво да доставува извештаи за сомнителни уплати во доброволен пензиски фонд до Агенцијата. Со член 2 се определува рокот за достава на извештајот, а со член 3 се врши техничко усогласување на одредбата со измената од член 1. Измена на правилникот произлезе како резултат на Извештајот од четвртиот круг на евалуација на системот за спречување на перење пари и финансирање тероризам во Република Македонија, спроведен од страна на Moneyval Комитетот за експерти за еваулација на мерките за спречување на перење пари и финансирање тероризам при Советот на Европа. Имено, согласно препораките од извештајот, Агенцијата треба да воспостави механизми за контрола за спречување перење пари и финансирање тероризам. Исто така со оваа измена се предвидува обврска на пензиското друштво да доставува месечен извештај за управување со ризици на пензиските фондови, во рок од пет работни дена од усвојувањето на извештајот заради анализа на ризиците и навремено преземање на мерки од страна на Агенцијата.

Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начин на вршење контрола
Со измената на Правилникот за начин на вршење контрола, се проширува предметот на институционална контрола на пензиско друштво, со контрола над спроведувањето на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Исто така се воведува водење на евиденција и статистика од извршената контрола, над спроведувањето на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Со водење на ваква евиденција и статистика се овозможува Агенцијата да има увид во ефективноста на системот на спречување на перење пари и финансирање на тероризам на пензиското друштво.Измена на правилникот произлезе како резултат на Извештајот од четвртиот круг на евалуација на системот за спречување на перење пари и финансирање тероризам во Република Македонија, спроведен од страна на Moneyval Комитетот за експерти за еваулација на мерките за спречување на перење пари и финансирање тероризам при Советот на Европа. Имено, согласно препораките од извештајот, Агенцијата треба да воспостави контрола за спречување перење пари и финансирање тероризам и евиденција и статистика.

Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци
Со овој правилник се врши прецизирање и разработување на правилата за техничките и организациските мерки, кои ги применува Агенцијата, заради обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци. Поради тоа што измените се прават во повеќе од половина одредби од правилникот се донесува нов правилник. Со измената на овој правилник, општите одредби се дополнети со дефиниции на термините кои се употребуваат во текстот на правилникот. Исто така, се определуваат три нивоа на техничките и организациските мерки кои се применуваат за сите документи на Агенцијата и тоа: основно, средно и високо ниво, во зависност од ризикот при нивната обработка и соодветно на природата на податоците кои се обработуваат. Во рамките на основното ниво, вклучени се следните видови на заштита: документација за технички и организациски мерки, обезбедување на технички мерки за тајност и заштита на личните податоци, обезбедување на организациски мерки за тајност и заштита на личните податоци, информирање за заштита на личните податоци, физичка сигурност на информацискиот систем, идентификација и проверка на пристапот на интернет порталот, организациски мерки за заштита на личните податоци при автоматизираната обработка на податоците, контрола на пристап, правило „чисто биро“ и чување и уништување на документи. Средното ниво на техничките и организациските мерки ги опфаќа следните видови на заштита: дополнителни правила за контрола во документацијата за технички и организациски мерки, обезбедување контрола на информацискиот систем и информатичката инфраструктура на Агенцијата, обезбедување на идентификација и проверка на пристап до и информацискиот систем, евидентирање на авторизиран пристап, физичка сигурност на простории, начин на чување на документи сигурносни копии и тестирање на информацискиот систем. Високото ниво на техничките и организациските мерки ги опфаќа следните видови на мерки на заштита: криптирано пренесување на документи, копирање или умножувањето на документи по претходно овластување и заштита при физички пренос на документите.

Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот на вршење на видео надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Измената на Правилникот за начинот на вршење на видео надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување произлезе, како резултат на Извештајот за видео надзор, согласно кој дополнително е поставена камера за видео надзор во просторијата каде се сместени информатичките сервери за обработка на податоци на членови на вториот и третиот столб.

Советот на експерти одржа седница на 11.03.2015 година.

Советот на експерти на седницата одржана на 25.02.2015 година гo донесе:

Годишниот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за теренска контрола за 2015 година.

Советот на експерти одржа седница на 19.02.2015 година.

Skip to content