Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седници на Совет на експерти 2020

Информација од 39-та седница на Советот на експерти, одржана на 28.12.2020 година

Советот на експерти одржа седница на 28.12.2020 година и донесе:

1. Годишен план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за теренска контрола за 2021 година.

Советот на експерти даде одобрение на:

1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за именување на одговорно лице за маркетинг и контрола на агенти и
2. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за измена на Статутот на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје.

Информација од 38-та седница на Советот на експерти, одржана на 03.12.2020 година

Советот на експерти одржа седница на 03.12.2020 година и донесе:

• Правилник за измена и дополнување на Правилникот за известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на чуварот на имот.

Образложение:

Со измената на Правилникот за известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од страна на чуварот на имот се усогласуваат одредбите со Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови согласно кои друштво при определувањето на пазарната вредност на определена хартија од вредност со која се тргува на пазарот на ЕУ и земјите членки на ОЕЦД, покрај Bloomberg ги користи и информациите за финанскиот инструмент од финансиско-информативниот сервис Refinitiv.

Информација од 37-та седница на Советот на експерти, одржана на 12.11.2020 годинаСоветот на експерти одржа седница на 12.11.2020 година и донесе:

1. Годишна програма за работа на Aгенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2021 година.

Советот на експерти даде согласност на:

1. Стратешкиот план за извршување на внатрешна ревизија во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за период од 2021 година до 2023 година и
2. Годишниот план за извршување на внатрешна ревизија во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2021 година.

Советот на експерти даде одобрение на:

1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за избор на членови на Надзорниот одбор.

Информација од 36-та седница на Советот на експерти, одржана на 16.10.2020 година

Советот на експерти одржа седница на 16.10.2020 година.

Информација од 34-та седница на Советот на експерти, одржана на 26.08.2020 година

Советот на експерти одржа седница на 26.08.2020 година и донесе:

• Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд

Образложение:

Со член 1 од измената на Правилникот начинот на членство во доброволен пензиски фонд се дообјаснува одредбата која се однесува на раскинувањето на договорот за членство во доброволен пензиски фонд помеѓу уплаќачот и членот. Досегашната одредба имаше двосмисленост и според некои толкувања наведуваше на тоа дека членот може да го раскине договорот за членство со друштвото и во тој случај самиот член не може да уплаќа средства на својата сметка.

Со членовите 2 и 3 од измената се врши дополнување на членовите 11 и 11-а и се утврдува дека, доколку учесникот во професионална пензискиа шема е пензиониран член, друштвото ги чува средствата на професионална сметка, бидејќи како пензионер не може да му се отвори доброволна индивидуална сметка согласно закон.

Информација од 33-та седница на Советот на експерти, одржана на 28.07.2020 година

Советот на експерти одржа седница на 28.07.2020 година и даде одобрение на:

1. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за именување на лице одговорно за инвестиционите одлуки и
2. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за именување на лице одговорно за управување со ризици на пензиските фондови.

Информација од 32-та седница на Советот на експерти, одржана на 25.06.2020 година

Советот на експерти одржа седница на 25.06.2020 година и донесе/усвои:

Правилник за измена и дополнување на Правилникот за правилата и минималните стандарди за определување на каматни стапки
Образложение:

Со измената на Правилникот за правилата и минималните стандарди за определување на каматни стапки се дополнува одредбата која се однесува на условите за определување на номиналната каматна стапка во случај фондот да работи помалку од три календарски години.

Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2019 година;
Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2019 година.
Советот на експерти даде одобрение/согласност на:

1.Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на одговорно лице на Секторот за управување со инвестициско портфолио;
2.Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност за договорите за договорите склучени со правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност Комерцијална банка АД Скопје и Еурохаус АД Скопје;
3.Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за измена на договорот со чувар на имот НЛБ Банка АД Скопје.

Информација од 31-та седница на Советот на експерти, одржана на 27.05.2020 година

Советот на експерти на одржаната седница на 27.05.2020 година даде одобрение/согласност на:

1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за измена на Статутот на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје;
2. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за изменување на Статутот на Сава пензиско друштво а.д. Скопје;
3. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на согласност на договорите склучени за вршење работи на берзански посредник со Еурохаус АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје – Служба за улуги со хартии од вредност;
4. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на согласност за договори за посредување при купопродажба на хартии од вредност склучени со Еурохаус АД Скопје и Комерцијална Банка АД Скопје.

Информација од 30-та седница на Советот на експерти, одржана на 29.04.2020 година

Советот на експерти одржа седница на 29.04.2020 година и донесе:

• Правилник за измена на Правилникот за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови

Образложение:

Со предлог измената на Правилникот за маркетинг на пензиски фондови, се исклучува обрвската на друштвото, маркетинг материјалите објавени во аудио форма, да содржат информации за Агенцијата. Со ова се постигнува поголема ефикасност во информирањето на јавноста преку радио маркетинг материјалите и се намалува можноста за забуната околу контакт податоците на МАПАС и друштвата.

Советот на експерти даде одобрениe/согласност на:

1. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за одобрување на анекс на договор за вршење на работи на банка чувар на имот за задолжителен пензиски фонд и анекс на договор за вршење на работи на банка чувар на имот за доброволен пензиски фонд;
2. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за определување на Наташа Попоски за одговорно лице за управување со ризици за време на остсуството на одговорното лице Марија Спасев поради бременост, раѓање и родителство и
3. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на Наталија Лазаревска за одговорно лице за внатрешна ревизија на друштвото.

Информација од 29-та седница на Советот на експерти, одржана на 31.03.2020 година

Советот на експерти одржа седница по електронски пат на 31.03.2020 година.

Советот на експерти на одржаната седница одлучи да се одложуваат теренските контроли предвидени во Годишниот план за теренски контроли на Агенцијата за 2020 година додека важат мерките во Република Северна Македонија за борба против пандемијата Covid-19 (Корона вирус).

Информација од 28-та седница на Советот на експерти, одржана на 28.02.2020 година

Советот на експерти одржа седница на 28.02.2020 година и донесе:
• Одлука за прекинување на важноста на Стручното упатство за постапување по поплаки
Образложение:
Со оваа одлука се прекинува важноста на Стручното упатство за постапување по поплаки донесено од страна на Управниот одбор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2008 година, поради тоа што материјата која што ја уредува ова упатство е регулирана со Законот за постапување по претставки и предлози.
Советот на експерти даде одобрениe/согласност на:
• Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност на Одлука за измени и дополнувања на Посебните правила и процедури за вршење работи на банка чувар на имот и согласност на Анекси на договорите за вршење на работи на банка на чувар на имот склучени помеѓу ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје;
• Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за измена на Статут на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и
• Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за измена на Статут на Триглав отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.
Советот на експерти разгледа/одлучи:
• Извештај од контрола на работење на агенти и одлучи да донесе Решение за бришење на агент од Регистарот на агенти, да се достави писмена опомена до пензиско друштво и да се поведе постапка за порамнување на агент.

Информацијаод 27-та седница на Советот на експерти, одржана на 30.01.2020 година

Советот на експерти одржа седница на 30.01.2020 година и донесе:

1. Годишен план за јавни набавки во 2020 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти гo разгледа:

1. Кварталниот извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.10.2019 година до 31.12.2019 година.

Skip to content