Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Седници на Совет на експерти 2024

Информација од 16-та седница на Советот на експерти, одржана на 25.09.2024 година

Советот на експерти на седницата одржана на 25.09.2024 година донесе:

  1. Финансиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година;
  2. Одлука за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година;
  3. Одлука за привремено располагање со средствата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување до усвојување на финансискиот план на Агенцијата за 2025 година;
  4. Одлука за распределба и вложување на вишокот на приходи на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и
  5. Правилник за измена  и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;

 

 

Информација од 15-та седница на Советот на експерти, одржана на 27.08.2024 година

 Советот на експерти одржа седница на 27.08.2024 година и донесе:

  1. Годишен план за вработување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година;
  2. Предлог Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;

Советот на експерти го разгледа:

  1. Конечен извештај за ревизија на процесите поврзани со спроведување испит за агент;

 

 

Информација од 14-та седница на Советот на експерти, одржана на 18.07.2024 година

 Советот на експерти одржа седница на 18.07.2024 година и донесе:

  1. Измена на Годишен план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за теренска контрола за 2024 година.

 Советот на експерти ги разгледа:

  1. Полугодишниот извештај за реализација на финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2024 година за периодот од 01.01.2024 година до 30.06.2024 година;
  2. Кварталниот финансиски извештај за периодот од 01.04.2024 година до 30.06.2024 година и
  3. Kварталниот извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.04.2024 година до 30.06.2024 година.

 Советот на експерти даде одобрение/согласност на:

  1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност на Анекс на Договорот за вршење на работи на банка чувар на имот за задолжителен пензиско фонд и Анекс на Договорот за вршење на работи на банка чувар на имот за доброволен пензиско фонд склучени помеѓу Триглав пензиско друштво АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје и
  2. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност за стекнување на нови акции од страна на акционерот на Триглав пензиско друштво АД Скопје – Заваровалница Триглав д.д. Љубљана и барање на согласност за измена на Статут на Триглав пензиско друштво АД Скопје,

Информација

од 13-та седница на Советот на експерти, одржана на 13.06.2024 година

Советот на експерти одржа седница на 13.06.2024 година и го усвои:

  1. Извештајот за реализација на Годишниот план за вработување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јануари – јуни 2024 година

Советот на експерти ги разгледа:

  1. Финансиските извештаи за 2023 година со Извештај на независниот ревизор и
  2. Полугодишниот извештај за работата на Комисијата за одлучување по прекршок на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот јануари – јуни 2024 година.

Советот на експерти даде одобрение/согласност на:

  1. Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за измена и/или дополнување на статутот на пензискиот фонд и
  2. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност на договорите склучени меѓу Триглав пензиско друштво АД Скопје и правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност.

Информација  од 12-та седница на Советот на експерти, одржана на 29.05.2024 година

Советот на експерти одржа седница на 29.05.2024 година и усвои/донесе:

  1. Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2023 година и
  2. Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2023 година.

Советот на експерти ја разгледа:

  1. Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика во капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти даде одобрение/согласност на:

  1. Барањето од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје за добивање на согласност на договорите склучени за вршење работи на берзански посредник.

Информација од 11-та седница на Советот на експерти, одржана на 25.04.2024 година

Советот на експерти одржа седница на 25.04.2024 година и донесе:

  1. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови

Образложение:

Измената и дополнувањето на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови се прави по инцијатива на пензиските друштва. Имено, заради обезбедување на поголема диверзификација на изворите на податоци користени при вреднување на средствата на пензиските фондови, се предлага со член 1 од овој правилник, покрај Refinitiv и Bloomberg, да биде додаден и финансиско-информативниот сервиси FactSet.

Долгодишното искуство на пензиските друштва при вреднување на уделите во домашните инвестициски фондови покажало дека постои можност за оптимизација, која значи олеснување и забрзување на процесот на вреднувањето на овие финансиски инструменти, без притоа да има значајни последици. Во таа насока е и измената во член 2 од овој правилник, согласно која при вреднувањето на уделите во отворените инвестициони фондови да се користи објавената цена за ден Т-2 односно тоа е работен ден кој претходи на датумот на проценка (Т-2 каде што Т е тековниот ден). Уреден е и исклучок доколку денот Т-2 е неработен ден, па тогаш ќе се смета последниот претходен работен ден.  Со ставот (2) од овој член се врши исправање на техничка грешка во нумерацијата на точките во ставот 1 од член 8.

  1. Одлука за инструменти во кои не смеат да се инвестираат средствата на задолжителен и доброволен пензиски фонд

Образложение:

Согласно член 108 став (1) точка ж) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и член 134 став (1) точка е) од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (во натамошниот текст: Агенцијата) може да пропише други ин­стру­мен­ти во кои не смеат да се инвестираат средствата на задолжителен и доброволен пензиски фонд, покрај тие определени со закон, во кои вло­жу­ва­ње­то би би­ло спро­тив­но на ин­те­ре­си­те на чле­но­ви­те на пен­зи­ски­те фон­до­ви.

Согласно член 108 став (1) точка д) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и член 134 став (1) точка д) од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, средс­тва­та на задолжителните и доброволните пен­зи­ски­ фон­до­ви не сме­ат да се ин­ве­сти­ра­ат во ак­ции, об­врз­ни­ци и дру­ги хар­тии од вред­ност из­да­де­ни од:

1) ак­ци­о­нер на пензиско друштво;

2) чу­вар на имот на задолжителниот и доброволниот пен­зи­ски­ фонд и

3) по­вр­за­ни ли­ца со овие суб­је­кти.

Согласно член 2 став 1 точка 44 од Законот за хартии од вредност, хартии од вредност се: акции издадени од акционерски друштва и од командитни друштва со акции, акции во инвестициските фондови кои работат според Законот за инвестициски фондови, обврзници, инструменти на пазарот на пари, деривативни финансиски инструменти, потврда за странска хартија од вредност, сертификат за депозит и други финансиски инструменти кои според Комисијата се сметаат за хартии од вредност. Следствено на ова, уделите издадени од отворени инвестициски фондови не се хартии од вредност, туку се класифицираат како финансиски инструменти, според европската регулатива.

                Имајќи ги предвид горенаведените одредби и по спроведената анализа, Агенцијата утврди дека инвестирањето на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови во удели на отворени и приватни инвестициски фондови регистрирани во Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија или со седиште во странство, издадени од акционер на пензиско друш­тво­ и по­вр­за­ни ли­ца со акционерот, би било спро­тив­но на ин­те­ре­си­те на чле­но­ви­те на задолжителните и доброволните пен­зи­ски­ фон­до­ви од неколку причини.

Инвестирањето на средствата на пензиските фондови во удели на инвестициски фондови кои се во сопственост на акционер на пензиското друштво и на поврзано лице на акционерот, може да создаде потецијален конфликт на интереси. Во овој случај постои ризик од носење на инвестициони одлуки кои не се насочени примарно кон интересите на членовите на пензиските фондови, туку кон интересите на акционерот и поврзаните лица на акционерот на пензиското друштво.

Ограничувањето е и во насока на исклучување на можноста за обезбедување на доверливи внатрешни информации кои би можеле да се искористат за вршење на трансакција со уделите на инвестициските фондови по подобри услови од трансакции кои би се склучиле со лица кои не се поврзани лица со акционерот на пензиското друштво.

Дополнително, со носење на вакви инвестициски одлуки може да се создаде перцепција кај членовите на пензиските фондови, дека пензиското друштво дава предност на интересите на акционерот пред интересите на членовите, што во крајна линија може да ја доведе репутацијата на пензискиот систем да биде сериозно компромитирана во очите на пошироката јавност.

Водејќи се од својата мисија, заштита на интересите на членовите и пензионираните членови на пензиските фондови и заради јакнење на довербата во пензискиот систем, Советот на  експерти одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

Советот на експерти даде одобрение на:

  1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на Марина Мартиновска за одговорно лице за маркетинг и
  2. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на согласност за Договори за посредување при купопродажба на хартии од вредност.

Советот на експерти ги разгледа:

  1. Кварталниот финансиски извештај за период од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година и
  2. Кварталниот извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година.

Информација од 10-та седница на Советот на експерти, одржана на 28.03.2024 година

Советот на експерти одржа седница на 28.03.2024 година и донесе:

  1. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за агенти на пензиски друштва

Образложение:

Измената на Правилникот за агенти е во насока на усогласување на одредбите на Правилникот со укажувањето на Агенцијата за заштита на лични податоци,  број 09-40/1 од 10.1.2024, известувањата број 09-40/3 од 9.2.2024 и 09-40/5 од 21.2.2024 година, односно се брише одредбата со која се опишани документите кои треба да се достават до Агенцијата како доказ дека кандидатот ги исполнува условите.

  1. Финансиски извештаи за 2023 година;

Советот на експерти даде одобрение на:

  1. Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за измена и/или дополнување на статутот на пензискиот фонд.

Информација од 9-та седница на Советот на експерти, одржана на 27.02.2024 година

Советот на експерти одржа седница на 27.02.2024 година и донесе:

  1. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за агенти на пензиски друштва

Образложение:

Измената на Правилникот за агенти на пензиски друштва се прави во член 3 во кој се регулираат документите потребни за проверка на исполнетост на законските услови за полагање на испит за агент. Имено, со измената се пропишува обврска за доставување на согласност за обработка на лични податоци од кандидатот за полагање на испит на Образец број 5. 

Исто така, се додава нов член 3-а со кој се уредува дека Агенцијата ги уништува личните податоци добиени од фотокопијата од лична карта, по проверката на условите за полагање на испит за агент утврдени со закон, во рок од 30 дена од завршувањето на испитот, согласно закон.

  1. Стратегиски план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за периодот 2024–2028 година и
  2. Годишна програма за работа на Aгенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2024 година со Акциски план за спроведување на Годишната програма.

Советот на експерти даде одобрение на:

  1. Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за измена и/или дополнување на статутот на пензиското друштво и
  2. Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање согласност за стекнување акции од III (трета) емисија по пат на приватна понуда.

Советот на експерти ги разгледа:

  1. Полугодишниот извештај за реализација на финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2023 година за период од 30.06.2023 до 31.12.2023 година и
  2. Конечниот извештај за ревизија на активностите поврзани со водење на Регистарот на агенти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Информација од 8-та седница на Советот на експерти, одржана на 30.01.2024 година

Советот на експерти одржа седница на 30.01.2024 година и донесе:

  1. Правилник за начинот на спречување на злоупотреба на информациите добиени како резултат на службената положба и за содржината и начинот на известување за трансакции со хартии од вредност

Образложение:

Во член 3 се брише обврската за чување на информациите како строго доверливи според класификацијата со соодветен степен на тајност согласно закон, во период од една година по престанокот на функцијата или вработувањето на член на управен одбор, на надзорен одбор како и вработени во пензиското друштво кои имаат пристап до доверливи информации.

Во член 8 се уредува дека пензиското друштво учествува на собранија на акционери на издавачите на хартии од вредност кои ги поседуваат пензиските фондови со кои пензиското друштво управува и дава свое мислење за сите прашања за кои се расправа на собранието, освен во случај кога пензиските фондови со кои управува пензиското друштво поседуваат помалку од 1% од вкупните запишани акции на издавачот или кога хартиите од вредност од еден издавач кои ги поседуваат пензиските фондови со кои управува пензиското друштво претставуваат помалку од 1% (се менува процентот од 0,5%)  од вкупната вредност на пензиските фондови со кои управува пензиското друштво, пресметани на датумот на проценка еден работен ден (се менува од два работни дена) пред датумот на одржување на собранието.

Во член 10, 14 и 18 се брише обврската за достава на државјанство и единствен матичен број на лицето кое има пристап до доверливите информации, при достава на лични податоци.

Истовремено се прави и техничко подобрување на правилникот со оглед на тоа што е донесен во 2008 година.

2. Годишен план за јавни набавки во 2024 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти даде одобрение на:

  1. Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за добивање на одобрение за избор на Давид Бенедек за член на Надзорен одбор на Друштвото.

Советот на експерти ги разгледа следните документи:

  1. Одлуката донесена од страна на Собранието на Република Северна Македонија за именување на Ментор Јакупи за професионално ангажиран член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;
  2. Кварталниот финансиски извештај за периодот од 01.10.2023 година до 31.12.2023 година;
  3. Извештајот за задоволството на вработените од работата во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во периодот 2023-2023 година;
  4. Известувањето за активностите на Комитетот за оценка на ризици во 2023 година и
  5. Доставениот допис од страна на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците за преземање на административни службеници вработени преку К-5 програма во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Skip to content