Информација од 38-та седница на Советот на експерти, одржана на 31.03.2026 година
Советот на експерти одржа седница на 31.03.2026 година при што ги донесе:
- Финансиските извештаи за 2025 година;
- Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и
- Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Советот на експерти одржа електронска седница на 03.03.2026 година и донесе/одлучи:
- Предлог измена на Правилник за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;
- Предлог измена на Правилник за внатрешна организација на работата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;
- Измена на годишен план за вработување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2026 година и
- Да се склучи Анекс кон Колективниот договор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Советот на експерти одржа седница на 26.02.2026 година и ja донесе:
- Годишната програма за работа на Aгенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2026 година со Акциски план за спроведување на Годишната програма.
Советот на експерти даде одобрение на:
- Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на согласност за стекнување на нови акции од страна на акционерот на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје – Заваровалница Триглав д.д. Љубљана и барање на согласност за измена на статут на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје.
Советот на експерти ги разгледа:
- Кварталниот финансиски извештај за периодот од 01.10.2025 година до 31.12.2025 година;
- Полугодишниот извештај за реализација на финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година за период од 01.07.2025 до 31.12.2025 година и
- Извештајот за задоволството на вработените од работата во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во периодот 2024-2025 година.
Советот на експерти одржа седница на 29.01.2026 година при што ги донесе следните документи:
- Одлука за висината на платата и месечниот надоместок на претседателот и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2026 година и
- Годишен план за јавни набавки во 2026 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Советот на експерти даде одобрение на:
- Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје зa добивање на одобрение за измена на договорот со чувар на имот НЛБ Банка АД Скопје;
- Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје зa добивање на одобрение за изменување на Статутот на Сава пензиско друштво а.д. Скопје;
- Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за измена и/или дополнување на статутот на пензиското друштво и
- Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за назначување на Цветанчо Димовски за одговорно лице за пресметка на програмирани повлекувања.
Советот на експерти ги разгледа:
- Кварталниот извештај реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.10.2025 година до 31.12.2025 година;
- Извештајот за степенот на имплементација на Планот за подобрување на капацитетите во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година;
- Извештајот за активностите на Комитетот за оценка на ризици во 2025 година и
- Извештајот за видео надзор за 2023-2025 година.
(02) 3224 229
contact@mapas.mk